недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 4
home Вести

Владата и електроенергетскиот сектор на Република Македонија

Владата и електроенергетскиот сектор на Република Македонија

Електроенергетскиот сектор на Македонија е еден од најважните сектори во нашето општество, тој е столбот на нашата држава без кој не би можел да се замисли економскиот развој на Македонија. Развојот на енергетиката значи развој на државата, а за тоа е потребна стратегија и визија која ќе обезбеди одржување, правилен развој и сигурен и доверлив енергетски систем со што ќе се обезбеди директен бенефит за граѓаните и домашната индустрија, а воедно ќе се обезбедат сигурни и поволни услови за нови странски инвестиции. Светот во кој што живееме секојдневно технолошки се менува, граба напред по ново, подобро, посовршено, почисто. И ние сме на тој пат. Нашиот електроенергетски систем треба  да знаеме и да сакаме да го развиваме, потребна е голема умешност и визија за тоа да се постигне.

Ние како држава имаме преземено обврски како правни така и стратегиски за насоката во која ќе се движи и развива енергетиката. Затоа нашата држава ја донесе “ Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година” со амбициозна цел да се направи транзиција кон нискојаглеродна економија со зголемена употреба на обновливите извори на енергија (ОИЕ) и енергетска ефикасност (EE)за гореспоменатиот период. Стратегијата се состои од три сценарија Референтно , Умерено и Зелено сценарио. Министерството за Економија имаше презентација на Стратегијата која што се одржа во МАНУ, а набргу потоа и дебата за истата во МАНУ во декември 2019 год. на која беше јасно дадено до знаење дека оваа Влада на СДСМ се залага за т.н. Зелено сценарио според кое се планира престанок на употреба на фосилни горива за производство на електрична енергија до 2025 година. За истото сценарио се залага и Енергетската заедница од Виена иако истото е преамбициозно. Од вкупното производство на ел. енергија во Македонија дури седумдесет проценти (70%) отпаѓаат на јагленот како основна суровина за производство на истата. Ние како држава не сме во можност откога ќе ги затвориме во 2025 година нашите најголеми произведувачи меѓу кои е и РЕК Битола да ги замениме со нови централи од ОИЕ. Со тоа ќе станеме енергетски зависна, увозно ориентирана држава со што ќе се нанесе голем удар на нашата енергетика, а со тоа директно и на економијата. Ова би предизвикало граѓаните да плаќаат поскапа струја, а и стотици вработени кои ќе останат без работа.

На дискусијата за Стратегијата што се одржа во МАНУ на прашањата зашто се пристапува кон такво радикално сценарио кое не соодветствува со нашата реалност и е практично неприменливо за нашиот енергетски систем Владата на Македонија го имаше ставот дека е неизбежно да се затвори РЕК Битола затоа што е потребно да се вложат многу пари за негово одржување и во отворање на нови наоѓалишта на јаглен, бидејќи моменталните би се исцрпиле за неколку години. Значи основната причина поради која оваа влада решава да го реализира т.н. зелено сценарио и да ги затвори нашите најголеми и најважни производствени капацитети се финансиите иако за реализација на зеленото сценарио се потребни дури седумнаесет милијарди евра ( 17.000.000.000 евра) што е повеќе невозможно одколку реално за држава како Македонија во однос БДП и планираниот проектиран економски раст на годишно ниво од 3.2 %. Македонија има и други опции, постојат и други преодни решенија како до 2040 година да се постигне нискојаглеродна економија базирана на ОИЕ без да си наштетиме самите на себе, но очигледно за жал Владата на Македонија предводена од СДСМ не ги гледа или не сака да ги види. Дали во позадина се кријат други намери или пак едноставно нашата Влада нема визија за правилен и реален развој на Енергетиката во Македонија со што само се оди на препишување на туѓи стратегии пресликани на нашата состојба со парцијални наддадени решенија кои ќе не претворат во лидери на увоз на ел. енергија во регионот и пошироко?

Владата на СДСМ нема познавања во областа и нема стратешко решение а тоа го потврдува и следното: Деновиве се одржа јавна расправа пред надлежните институции, еколошките здруженија и граѓаните за добивање “А” интегрирана еколошка дозвола за комбинатот РЕК Битола со која што би се задоволиле еколошките стандарди при понатамошното производство на електрична енергија. Во следните шест години од 2020 до 2026 година АД ЕСМ во мерките кои ќе треба да се спроведат ќе инвестира дури 300 милиони евра. Мерките што треба да се преземат за добивање на еколошката дозвола се состојат од две фази. Првата фаза се состои од реконструкција на електростатските филтри во првите три години 2020-2022 и втората фаза во која се планира добивање потројка за десулфуризација во периодод 2023 до 2026 година. И сето тоа е во ред ако гледаме на проектот за добивање А еколошка дозвола како на посебен засебен проект кој што треба да ја заштити нашата животна средина и да обезбеди почист воздух за дишење. Меѓутоа нешто не е во ред!!! Воопшто не се совпаѓа со изгласаната Стратегија за Енергетика за Македонија до 2040 година. Со стратегијата Владата го одбра т.н. Зелено сценарио и планира да го затвори РЕК Битола заедно со другите термоцентрали до 2025 година, а истовремено паралелно преку АД ЕСМ планира да инвестира неверојатни 300 милиони евра до 2026 година за добивање А еколошка дозвола. Со сета почит несакам никого да навредам, но мене ова ми личи на се освен на “стратегија”.Вакви планови, цели и инвестиции се се само не разбирање на енергетиката во Македонија, како некој го изгубил компасот. Уште пострашно е што ова не е еден случај туку вакви небулози имаме насекаде секојдневно од производството и обезбедување на суровини за производство, па преку преносниот систем и се до дистрибуцијата. Електроенергетскиот систем на Македонија несмее да се користи за дневно политички поени пред претстојните предвремени парламентарни избори и негова деградација, а со тоа и на нашата држава во очите на ЕЕЗ каде сите системи треба да постанат една интегрирана целина, а ние повторно деградирани без име , без свое на своетои без сопствени енергетски производствени капацитети.

Електроенергетскиот систем на Македонија заслужува Влада која ќе има одговорен, плански и визионерски пристап кон истиот. Да покаже домаќинско и народно владеење, а не дневно политичко однесување пред претстојните предвремени парламентарни избори. Енергетскиот систем неразбира што се тоа избори, бара професионалци што си ја сакаат работата и државата. Ова е навреда на граѓаните на Македонија. Затоа е време да си одат од власт во најкраток можен рок, да дојдат професионалци.

Време е за Обнова на Македонија!!!

 

Пишува: Стевче Антовски, дипл.ел.инж.

 

 

Најнови вести

Коронавирус