сабота, 23. февруари 2019. Вести денес: 98
home Вести

Владата го вози претседателот на словенечкиот парламент Дејан Жидан во „Мерцедесот“ за кој Груевски беше осуден на 2 години затвор

Владата го вози претседателот на словенечкиот парламент Дејан Жидан во „Мерцедесот“ за кој Груевски беше осуден на 2 години затвор

Претседателот на словенечкиот парламент Дејан Жидан при денешната посета на Македонија се возеше со мерцедесот вреден 600 илјади евра набавен од страна на претходната влада за која експремиерот и бивш лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски беше осуден на 2 годишна затворска казна.

Денеска тој во Скопје има средби со државниот врв а низ градот е вози со „Мерцедесот“ кој Зоран Заев во изборната кампања на локалните избори на митинг во Скопје ветуваше дека кога ќе дојде на власт ќе го продаде и ќе купи амбулантни возила.

За овој мерцедес на обвинение покренато од СЈО Никола Груевски беше осуден на казна затвор од 2 години, Ѓоко Поповски како помошен министер за јавни набавки на 6, 6 години затвор, додека постапката за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска се уште трае.

Имено „Мерцедесот“ освен за возење се користеше и за одржување на прес конференции од страна на Оливер Спасовски за замачкување на очите на јавноста и прикажување дека владата на СДСМ нешто работи.

Досега со „Мерцедесот“ се возеа и Столтенберг, Тереза Меј, Себастијан Курц, Хан и други високи претставници.