понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Владата го одложува уписот на првачиња

Владата го одложува уписот на првачиња

Министерството за образование ќе ја разгледа можноста уписот на децата кои во септември треба да бидат првачиња, да не почне во мај, како што беше досега, туку во јуни. Министерот Арбер Адеми најави дека на следната владина седница ќе се разговара и за прашањата за државната матурата за која има две можности. Или да се одложи за месец јуни или да биде укината за оваа генерација. Ако се одлучи за второто, тогаш се планираат приемни испити за студиските програми каде што има конкуренција.

„Кога сме кај уписот на децата во прво одделение, согласно Законот за основно образование, треба да се реализира од месец мај до септември, но оваа година поради вонредната состојба и ограничувањето на движењето, сериозно размислуваме за одложување на уписот и тој да не почнува во мај, туку во јуни.“

ЕУРО 2020

Македонија