среда, 1. април 2020. Вести денес: 183
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Владата го одби барањето за издавање дозвола за експлоатација на рудникот „Иловица“

Владата го одби барањето за издавање дозвола за експлоатација на рудникот „Иловица“

Владата усвои информација за одбивање на барањето за издавање дозвола за „Иловица”, компанијата не ги исполнила законските услови за вршење експлоатација.

Министерството за економија на денешната седница на Владата информираше дека се исполнети законските услови за донесување на решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот „Иловица“, општина Босилово на ЕУРОМАКС Ресоурцес ДОО Скопје.

Во информацијата којашто денеска пред Владата ја презентираше Министерството за економија, утврдено е дека компанијата не ги доставила сите потребни документи кои се бараат согласно Законот за минерални суровини за добивање на дозвола за експлоатација.

По истекот на задолжителниот рок за жалба од 15 дена, Владата ќе може да донесе и конечна одлука за едностран раскин на Договорот за концесија со ЕУРОМАКС Ресоурцес ДОО Скопје, се наведува вои владиното соопштение.