понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 102
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Владата го демантира Рауфи: Нема затвореници и притворени со коронавирус

Владата го демантира Рауфи: Нема затвореници и притворени со коронавирус

Управата за извршување на санкциите испраќа демант за изјавата дадена од адвокатот Насер Рауфи на дадена на порталот „Журнал.мк“, а потоа истата прифатена и од порталот „Курир”.

-Имено ја демантираме информацијата за појава на заболени осудени  и притворени лица од новиот коронавирус – COVID 19 кои се наоѓаат на издржување казна затвор и мерка притвор во казнено-поправните установи во нашата држава. Управата за извршување на санкциите веднаш по препораките на Владата од 10.03.2020 година донесе Наредба со која од 11.03.2020 се забранети контакти на осудените и притворените лица со надворешниот свет, а исто така превземени се сите мерки за одржување на високо ниво на хигиена, дезинфекција и сите достапни мерки за заштита.  Новодојдените лица се сместуваат изолирано се до моментот кога ќе се утврди дека во периодот на инкубација, не пројавиле симптоми на болеста, се наведува во реакццијата.

Од таму велат дека сите вработени во казнено-поправните установи исто така ги почитуваат препорачаните мерки за заштита при меѓусебните контакти и контактите со осудените и притворените лица.

-Доколку во било која казнено-поправна установа се појави случај со потврдена дијагноза од овој вирус, медиумите ќе бидат известени за истото и за превземените мерки кои секако ќе бидат во согласност со препораките, информираат од Управата за извршување на санкциите.

 

 

Коронавирус