четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Владата ги заборави музичарите: Тие се меѓу најпогодените од кризата, бараат финансиска помош

Владата ги заборави музичарите: Тие се меѓу најпогодените од кризата, бараат финансиска помош

Музичарите што членуваат во шесте здруженија од целата земја синоќа одржаа состанок во Охрид, при што потпишаа Меморандум за соработка и заеднички настап пред државните органи и институции.

На средбата е анализиран петтиот пакет мерки на државата за финансиска поддршка, при што повторно е посочено дека музичарите заедно со угостителите се најзагрозена категорија во постојните услови на криза, со барање за нивно вклучување во петтиот пакет мерки за финансиска подршка.

-Ги почитуваме мерките донесени од Комисијата за здравство, имаме разбирање и ги почитуваме одлуките на Владата, но бараме разбирање за нашето право на егзистенција затоа што најголемиот дел на нашите членови заработуваат и живеат од музички настапи во живо кои веќе десет месеци се забранети така што и немаат можност да работат и заработат за основните потреби. Затоа уште еднаш апелираме до надлежното министерство и до Владата музичарите како најоштетени од корана кризата да бидат вклучени во 5-тиот пакет за финансиска помош, стои во соопштението издадено после состанокот.

На средбата се усвоени и одлуки за проширување на законските одредби околу музичко-естрадното работење, со кои естрадните уметници би можеле да регистрираат дејност не само како ДООЕЛ, трговец-поединец или самостоен занаетчија според постојниот закон, туку и паушално да можат да ги подмируваат обврските кон државата како категорија работници без редовни и планирани приходи.

Исто така, одлучено е да се продлабочи соработката со Министерството за култура и останатите државни институции во правец на изнајдување на механизми за заштита на македонската музика и македонските музички артисти во склоп со останатите соседни држави. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија