среда, 14. април 2021. Вести денес: 35
home Вести

Владата ги осуди нападите врз новинарите

Владата ги осуди нападите врз новинарите

Владата најостро ги осудува нападите врз новинарите што случија за време на протестите после судските одлуки во случајот „Монструм“.

-Во демократски општества секој има право на изразување незадоволство, но насилничките инциденти се неприфатливи и недозволиви. Поаѓајќи од својот јасен став за нула толеранција за ваквите инциденти, Владата укажува дека секој напад врз медиумските претставници, физички или вербален, ќе биде најостро осуден и санкциониран и дека сите институции во државата, како и обвинителството и судовите, треба да постапуваат максимално брзо и професионално за било кој напад или закана против медиумските работници, се наведува во соопштението од Владата.

Коронавирус