сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 46
home Вести

Владата донесе одлука кривично да се гони групирањето на повеќе од 5 лица

Владата донесе одлука кривично да се гони групирањето на повеќе од 5 лица

Со цел поголемо почитување на мерките и намалување на потребата од воведување нови рестрикции, на оваа седница Владата го задолжи Министерството за правда да подготви и за наредната седница на Владата да достави уредба со законска сила во која правно ќе се нормира начинот и изрекувањето на мандатни казни.

Од Владата велат дека ќе се прави фотографска документација од местото каде граѓанинот е затекнат, ќе се регулираат висините на казните кон сите физички и правни лица кои нема да ги почитуваат одлуките, мерките и препораки на Владата.

„Групирањето над 5 лица ќе се смета за кривично дело и ќе има кривична одговорност и за непочитување на минимум потребното растојание од два метри и неносење на заштитна опрема“, велат од Владата, пренесува А1 он.

Коронавирус