среда, 8. декември 2021. Вести денес: 104
home Вести

Владата денес ќе одлучува како да ја урне дивоградбата кај Мавровка

Владата денес ќе одлучува како да ја урне дивоградбата кај Мавровка

Премиерот Зоран Заев најави дека за кратко време ќе биде отстранета дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“. Одговарајќи на новинарско прашање како новата влада ќе се справи со нелегалниот објект кој никако да се урне, рече дека за тоа ќе се донесе одлука на денешната седница на Владата.

-Денеска ќе донесеме конкретни одлуки. Не би сакал да ги кажам однапред зошто за тоа е надлежна Владата, а не само премиерот. Правните постапки  како треба да пристапи Владата во испорачување на помош на локалната самоуправа се определени. Општина Чаир, има записник и решение, но нема фирма извршител која ќе го спроведе решението за уривање на објектот кој не е во согласност со законската документација. Штом ќе ја донесеме одлуката ќе ја објавиме и верувам дека активностите на терен ќе почнат многу бргу за да се справиме со тоа незаконско дејание што ни се случува дрско пред очите на целата јавност, соопшти премиерот Заев.

Најнови вести

Коронавирус