недела, 9. мај 2021. Вести денес: 104
home Вести

Владата денес ќе ја одржи својата редовна 63 седница

Владата денес ќе ја одржи својата редовна 63 седница

На дневниот ред на денешната седница Владата на РМ ќе ја разгледа информација во врска потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу Министерството за економија на Република Македонија и Министерството за енергетика на Република Бугарија за спојување на ден-однапред пазарите на електрична енергија.

-Една од целите на оваа иницијатива е нашата земја да се приклучи на внатрешниот пазар на електрична енергија во Југоисточна Европа, со цел на учесниците на пазарот да им се понудат нови деловни можности и прекугранична трговија за постигнување на ефикасност, конкурентни цени и повисоки стандарди за услуги. На најавената 63 седница на Владата ќе биде разгледана и  информацијата за постапување по обраќањата и препораките на Народниот правобранител упатени до Владата на Република Македонија, органите на државната управа, други органи и организации што имаат јавни овластувања, во октомври, ноември и декември 2017 година, соопштуваат од Владата.

Министрите во Владата на седницата ќе се произнесат и по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица.

На предлог на Министерството за финансии на денешната седница ќе се разгледа и предлог-решението за формирање на Комисија за следење на развојот на системот за финансирање на општините.

На оваа своја 63 седница Владата на РМ се очекува да го даде своето мислење за предлозите за измени и дополнувања на законските решенија за технолошките индустриски развојни зони, и за Законот за здравјето на растенијата, кои доаѓаат како предлози од Собранието на Република Македонија, кое од оваа седница очекува и мислење од владата за годишниот извештај за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2017 година.

-Од годишните извештаи на денешната седница на владата ќе биде разгледан и годишниот извештај за работата на Управата за финансиско разузнавање во 2017 година. На денешната, 63 редовна седница на Владата на РМ, која се очекува да започне во 12:00 часот, ќе бидат разгледани и повеќе други точки на дневниот ред од интерес на граѓаните и од програмата за работа на Владата, стои во владиното соопштение.

Коронавирус