петок, 4. декември 2020. Вести денес: 65
home Вести

Владата демантира дека преговорите пропаднале

Владата демантира дека преговорите пропаднале

Владата на Република Македонија останува посветена на изнаоѓање решение кое го штити и зајакнува достоинството и идентитетот на граѓаните на Република Македонија. Шпекулациите во овие сензитивни моменти не можат да придонесат кон оваа стратешка цел од национален интерес.

Ова е одговорот за Плусинфо на портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски за информациите на српски „Курир“ дека пропаднале преговорите меѓу Македонија и Грција за името.

– Најважно е да се постигне квалитетно и взаемно прифатливо решение кое ќе биде одржливо. Изграденото пријателство меѓу двете држави е голем влог за заедничката иднина, а соработката во иднина само ќе се зголемува. Владата на РМ останува силно посветена на остварување на стратешките цели, членство во ЕУ и НАТО, а јасно е дека за нивна реализација неопходно е да се надмине проблемот што Грција го има со нашето уставно име- вели Бошњаковски.

Српски „Курир“ објави дека Македонија и Грција не постигнаа заедничко решение околу спорот за името па преговорите пропаднаа.

Според изданието, грчката страна барала „премногу“, односно од името целосно да се исфрли „Македонија“ и од долгонајавуваниот компромис засега нема ништо и покрај добрата волја.

Коронавирус