четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 94
home Вести

Владата демантира дека ќе има промена на историјата на Македонија во учебниците по желба на Бугарија

Владата демантира дека ќе има промена на историјата на Македонија во учебниците по желба на Бугарија

Владата на Република Северна Македонија најостро го демантира написот објавен на вашиот портал со наслов „Заев најави промена на историјата на Македонија во учебниците по желба на Бугарија“. Насловот е лажна вест, изведен со целосно погрешно толкување и извртување на изјавата на Премиерот Зоран Заев дадена денеска во Неготино. Ако ја пренесовте изјавата во целост, ќе станеше јасно дека тој зборува за динамиката со која се спроведува реализацијата на постигнатите решенија на Комисијата за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Во таа насока, според решенијата на оваа независна експертска група, во учебниците на двете земји ќе се спроведат заклучоците на независните експерти историчари од Комисијата кои се однесуваат на заедничката историја. Доследно на политиките за транспарентност на оваа влада, Премиерот Заев најави дека ќе бидат објавени записниците од Комисијата и јавноста ќе има увид.

Во продолжение целосната изјава:

„Имам информација патувајќи за Неготино дека тргна работата. Од 14 записници Комисијата имаше решено 3, денеска имаат аспирација да ги решат останатите 11 записници. Оди во една пријатна, пријателска атмосфера. За мене е сигнал дека сите се трудат вклучително и експертите коишто работат на оваа значајна комисија да прават напредок. Верувам дека секое усвојување на записник е напредок. Нашата Влада е подготвена досега усвоените записници за 5 историски личности односно трите историски периоди да ги објави на некоја од следните седници за да испратиме порака дека веднаш после тоа почнуваме со имплементација на учебниците 2021 – 2022 година и од бугарска и од македонска страна за сето она што е поврзано со Самоил, со Кирил и Методиј и Климент и Наум Охридски. Верувам дека многу брзо ќе имаме и следни решенија заради тоа што низ тие решенија го градиме заедничкото пријателство помеѓу двете земји.“

Коронавирус