понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 205
home Вести

Влада не знае ништо освен да се задолжува, за првиот квартал на 2021 година планира задолжување од 227 милиони евра

Влада не знае ништо освен да се задолжува, за првиот квартал на 2021 година планира задолжување од  227 милиони евра

Владата го објави календарот за емисија на државни хартии од вредност за 2021 година. Имено, таа планира да се задолжи за првиот квартал и тоа за месеците јануари, февруари и март за огромни 227 милиони евра или 13.998.310.000 денари.

Темпото на огромни задолжувања растат и покрај сите предупредувања од економистите и од експертската јавност дека 2020 беше година на огромни задолжувања и дека во 2021 задолжувањата треба да се сведат на минимум.

Според податоците од министерството за финнсии за првиот квартал планирани се задолжувања во трите месеци јануари февруари и март и тие изнесуваат огромни 227 милиони евра.

Само лани државата се задолжи за над 2 милијарди евра со што јавниот долг се покачи на огромни и историски 60,7 % од БДП со тенденција за понатамошен негов пораст. Инаку како држава Македонија должи над 6,5 милијарди евра.

Најнови вести

Коронавирус