петок, 17. септември 2021. Вести денес: 83
home Вести

Влада: 15 000 литри млазно гориво и 5000 литри нафтени деривати за ДЗС за справување со пожарите

Влада: 15 000 литри млазно гориво и 5000 литри нафтени деривати за ДЗС за справување со пожарите

Владата на денешната 96-та седница, одржана преку видеоконференциска врска, на барање на Дирекцијата за заштита и спасување, донесе Одлука за отстапување нафтени деривати од стоковните резерви без надомест, од Агенцијата за стоковни резерви.

Со одлуката, како што соопшти владината прес-служба, е задолжена Агенцијата за стоковни резерви да отстапи 5000 литри Еуродизел од стоковните резерви за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување, без надомест, заради справување со појавата на пожарите на територијата на Македонија, за противпожарните возила.

-Согласно Одлуката за постоење кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на Република Северна Македонија и справување со непредвидливите последици Владата го задолжи Бирото за јавни набавки да даде согласност на Генералниот секретаријат на Владата да спроведе постапка со преговарање без објавување оглас согласно член 55 од Законот за јавни набавки, за набавка на 15 000 литри млазно гориво за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување, се наведува во соопштението.

Коронавирус