недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 26
home Вести

Вкупно 1300 случаи на коронавирус во Македонија, најголем дел се од Скопје, Куманово и Прилеп

Вкупно 1300 случаи на коронавирус во Македонија, најголем дел се од Скопје, Куманово и Прилеп

Вкупно 1.300 случаи позитивни на коронавирус се потврдени во Македонија. Согласно последните бројки, вчера за позитивни на Ковид-19 е регистрирано 41 лице.Потврдените случаи се од 7 градови, Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Кавадарци, Крива Паланка и Демир Капија.

Регистрирани се случаи во скоро сите возрасни групи, најмногу од нив, по 10 во возрасните групи од 30-39 и 50-59 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 22 женски и 19 машки лица.

Според место на постојано живеење/ повремен престој, од вкупниот број случаи на COVID-19 се регистрирани во 26 градови низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово и Прилеп.

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 616 машки и 684 женски лица.

Возраста на заболените се движи од 0 до 91 години (медијана – 45 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 271 (20,8%). Кај лица над 60 години регистрирани се 262 случаи, а кај деца на возраст од 10-19 и 0-9 години, се пријавени 55 и 50 случаи соодветно.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,7%), кашлица (53,1%), малаксаност (34,1%), треска (19,2%), главоболка (16,9%), болка во грло (16,2%) и отежнато дишење (14,1%).

Кај 449 или 34,5% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Регистрирани се 218 (16,8%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Според исходот од заболувањето, кај 943 лица (72,5%) се активни случаи, 301 случаи (23,2%) се водат ако оздравени (29 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување.

Регистрирани се 56 смртни случаи од кои најголем дел се на возраст над 60 години.

Од 15 февруари направени се вкупно 13.649 тестирања.

Коронавирус