среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 179
home Вести

Вкупно 1.225 случаи во Македонија, коронавирусот потврден во 24 градови

Вкупно 1.225 случаи во Македонија, коронавирусот потврден во 24 градови

Вкупно 1.225 случаи на коронавирус се регистрирани во Македонија. Министерството за здравство вчера потврди нови 18 случаи од кои најголем дел се во Куманово (9), Во Скопје потврдени се 2 нови случаи, исто како и во Штип и Тетово. Во Гостивар, Велес и Пехчево регистриран е по еден новозаболен.

Бројката на излекувани пациенти во земјата изнесува 200, а на починати лица од вирусот Ковид-19, 54

Од вкупната бројка на заболени со коронавирус, Скопје и натаму останува град со најмногу регистрирани случаи – 411. Следува Куманово (338), Прилеп (117). Коронавирусот е потврден во 24 градови во Македонија.

Скопје – 411
Куманово – 338
Дебар – 51
Штип-34
Прилеп –117
Тетово – 57
Струга – 55
Велес – 59
Битола –17
Охрид –15
Кавадарци – 4
Гостивар –13
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-4
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 27
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -2
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 1

Досега во земјата се направени вкупно 12.133 тестирања на Ковид -19.

Најнови вести

Локални избори 2021