четврток, 19. мај 2022. Вести денес: 168
home Вести

Визер укина неколку летови од Македонија до познатите туристички места во Европа – особено за овој ќе ви биде многу криво

Визер укина неколку летови од Македонија до познатите туристички места во Европа – особено за овој ќе ви биде многу криво

Нискобуџетната компанија Wizz Air потврди дека ги прекинува операциите на релација Охрид – Милано/ Малпенса, јавува специјализираниот портал „Exyuaviation“.

Двата неделни лета беа лансирани во март 2019 година, но беа прекинати во 2020 година поради пандемијата на коронавирус.

„Визер“ во моментов ги одржува летовите од Охрид до Базел, додека сите други линии се привремено суспендирани.

Во овој момент, операциите кон Меминген и Малме ќе продолжат кон крајот на февруари, додека летовите до Виена, Дортмунд, Фридрихсен и Лондон Лутон треба да бидат обновени во март.

Визер денеска ги прекина и летовите од Скопје кон Барселона и Ларнака.

Најнови вести

Коронавирус