сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 58
home Вести

Виз ер повторно ги отвара линиите од Македонија до овие четири дестинации!

Виз ер повторно ги отвара линиите од Македонија до овие четири дестинации!

Нискобуџетната авиокомпанија Виз ер денеска објави дека постепено се отвораат седум линии до четири дестинации од двата македонски аеродрома. Првиот од обновените летови беше на 23 мај.

Земји во кои Виз ер повторно ги отвора летовите се Франција, Германија, Австрија и Шведска. Уште еднаш, стои во соопштението од авиокомпанијата, Виз ер ја докажува својата заложба и повторно ги поврзува Македонија со Париз Бове, Базел-Мулхаус-Фрајбург, Фридрихшафен, Дортмунд, Виена, Карлсруе / Баден-Баден и Малме.

-Среќни сме што повторно се отвораат седум рути од Македонија, нудејќи повеќе дестинации, за различни потреби на патниците, било да се тоа деловни или за рекреативни патувања. Со бројните услуги што повторно се отвораат низ цела Европа, Виз ер ја докажува својата посветеност, на македонските патници да им понуди безбедно и незаборавно патување низ цела Европа и пошироко, со нашата модерна флота и во друштво на нашиот високо квалификуван екипаж, вели во пишана изјава Андрас Радо, менаџер за корпоративни комуникации во Виз Ер.

Поради ковид пандемијата во текот на минатата година авиокомпаниите ги намалија летовите, но со тековниот летен ред на летање повторно ги враќаат. (МИА)

Коронавирус