понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 187
home Вести

Витанов: Се додека Македонија има премиер што лаже и спроведува туѓи национални агенди, а не македонски интереси, економијата ќе тоне

Витанов: Се додека Македонија има премиер што лаже и спроведува туѓи национални агенди, а не македонски интереси, економијата ќе тоне

-Се задолживме една ипол милијарда евра. Оваа влада ги задолжи граѓаните и никој не знае каде отидоа тие пари, никој не даде отчет за тие пари. И затоа тоа задолжување не се ни осети во економијата. Со една ипол милијарда евра и да не привлековме странска инвестиција, ако продуктивно во капитални инвестиции ги инвестираа ние сега знаете ли каква земја ќе бевме. Ќе бевме број еден во економија на Блаканот. И да потенцирам уште нешто, тие цело време се влечат на Ковидот. Но, за време на Ковидот одредени индустриски гранки се во криза, но одредени индустриски гранки се во експанзија, особено во ИТ индустријата. Да го потсетам премиерот, кој што не лажел очигледно ја лажеше целата нација, дека на граница чекаат Гугл, Фејсбук, Епл и слично. Е во услови на Ковид баш тие индустрии покажаа рапиден пораст, посочи економскиот аналитичар Зоран Витанов.

Според него, се додека Македонија има премиер кој што лаже и спроведува туѓи агенди за туѓи национални, а не македонски национални интереси, ние неможеме да разговараме за економија.

-Тоа е исто како да разговараме за фудбал, а ги немаме фудбалерите. Фудбалерите отишле да играат пинг – понг. Оние што ги плаќаме за економија не играат на полето на економијата, туку играат на некои други полиња. Поле број еден им е криминалот, поле број два – штитење на некои други туѓи национални интереси на некои соседи, вели Витанов.

Најнови вести

Коронавирус