четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 97
home Вести

Витанов до Заев: За даноко се избрука, за пописо се избрука, за Уставо се избрука, за бугаарто се брукаш, за вакциинте ептен… ој си, оти зијано стоо!

Витанов до Заев:  За даноко се избрука, за пописо се избрука, за Уставо се избрука, за бугаарто се брукаш, за вакциинте ептен… ој си, оти зијано стоо!

Поранешниот пратеник, заменик министер за финансии и бизнисмен Зоран Витанов на скојот фејсбук профил го критикуваше премиерот Заев, посочувајќи му дека со неговите политики, за кои Витанов го предупредил уште пред три години дека се штетни, прави повеќе штета отколку корист, апелирајќи до премиерот или да слуша што му се зборува, или да си оди.

-Ах бре Зоче, оште пред три гудини ти кажах, ного зијан прааш, а там си курдисан даа упрааш. За даноко се избрука, за пописо се избрука, за Уставо се избрука, за бугаарто се брукаш, за вакциинте ептен… Или слуши шо ти гуворам, или ој си, оти зијано стоо! И кај тебе е зијан, нем да мисл’ш оти има аир ут такви пари! Треба се да е “по попис и пропис”, а не попис па пропис! Не оде таа т’ка. Стига те трпееме. Не га бива работта, или Македонија или ти! Ој си другарче, оти укулу тебе само вир’нлци устанаа, сите саалам чувеци бегат ут тебе, пишува Витанов, додавајќи го во продолжение и постот од пред три години.