понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Високите оценки за администрацијата се резервирани само за партиските кадри на СДСМ

Високите оценки за администрацијата се резервирани само за партиските кадри на СДСМ

Наместо реформа, партиски притисоци, избори и напредување во админситрацијата не по клуч на стручност, туку по партиски клуч. Голем број на граѓани секојдневно го искажуваат своето незадоволство од актуелната власт. Вработени во јавната администрација се жалат дека оценувањето за нивната работа не се врши на соодветен начин односно високи оценки добиваат само лица кои се блиски до актуелното раководство предводена од СДСМ.

-Пред само неполн месец ни беа пратени оцените за нашето работење. Практично ние во еден работен ден треба да сработиме десетина предмети. Кога стасаа оцените се гледа дека тие што секојдневно ја исполнуваме нормата со предмети сме оценети со пониски оцени. За разлика од нас тие кои се вработени кога СДСМ дојде на власт и за кои важи дека биле дел од Шарената револуција сега се оценуваат со највисоки оценки и на тој начин се наградуваат, ни раскажаа вработени во Агенцијата за катастар.

Имено ова како што дознаваме не се случува само во оваа установа туку станува збор за сите оние  установи кои се дел од јавната администрација. Ист ваков случај ни раскажа вработена од Управата за јавна приходи каде ни посочи дека добила пониска оценка од причина затоа што во минатата година користела породилно отсуство.

-Работам во Управата за јавна приходи. Пред само неколку недели ни беа испратени оцените за нашето работење и јас имав добиено пониска оцена. Се обратив до надлежните прашав зошто е тоа така и добив образложение дека тоа се должи на тоа дека минатата година  користев породилно отсуство, ни образложи вработена во УЈП.

ЕУРО 2020

Македонија