петок, 6. август 2021. Вести денес: 0
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Вести

ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Најлошото допрва доаѓа!

ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Најлошото допрва доаѓа!

Кога нашите деца родени во 2021 ќе имаат 30 години, животот на земјата ќе биде многу потопол и поразличен од она што го знаеме денес. Недостиг на вода и храна и исчезнувањето на животни се само дел од она што нѐ чека, предупредува извештај на Обединетите Нации.

Меѓу надежта и апокалипсата

Нацрт-извештајот, напишан од стотици научници од Меѓудржавниот панел за климатски промени (ИПЦЦ), осцилира меѓу апокалиптично сценарио и надежно сценарио. Надеж има ако луѓето преземат драстични мерки.

Да не заборавиме дека со Парискиот договор земјите во светот се обврзаа да го ограничат глобалното затоплување далеку под 2 степена и ќе се обидат да го ограничат зголемувањето на температурата за 1,5 степен.

Но, без оглед на тоа дека веќе се намалуваат емисиите на стакленички гасови во целиот свет, разорните ефекти врз природата ќе продолжат да се зголемуваат и ќе бидат видливи уште пред 2050 година. За да преживеат, многу од денешните живи организми ќе еволуираат во нови видови и нови екосистеми, се забележува во резимето од извештајот.

Најлошото допрва доаѓа

Климата во светот веќе се сменила. Од средината на 19 век порастот на просечните температури е 1,1 степени и се зголемува. Ако оваа бројка се зголеми на 2 степени, 80 милиони луѓе би можеле да умрат од глад до 2050 година, 130 милиони да западнат во сиромаштија во следните десет години, а стотици милиони од луѓето кои живеат покрај море ќе страдаат од поплави.

Веројатно е дека луѓето доста ќе се селат поради овие промени. Некои региони како југоисточна Азија, делови од Кина или Источен Бразил можат да имаат три или четири катастрофи истовремено: суша, циклони, пожари, поплави, болести пренесени од комарци…

Новиот извештај на ИПЦЦ брои 4.000 страници и е многу поалармантен од претходниот од 2014 година. Сепак, извештајот ќе почека да биде објавен до февруари 2022, откако ќе биде одобрен со консензус од 195 земји-членки на ООН.

Коронавирус