петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

„Високи функционери од власта се директно инволвирани во аферата “Мафија”“

„Високи функционери од власта се директно инволвирани во аферата “Мафија”“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со претставниците на МАСИТ а веднаш по средбата даде изјава за медиумите каде што даде одговор на неколку прашања, меѓу кои и во однос на фалсификуваните пасоши и вмешаноста на највисоките функционери од власта во случајот.

Мицкоски потенцираше дека е јасно како ден дека високи функционери од власта се директно инволвирани и директно раководеле со операцијата делење и фалсификување пасоши, бидејќи вработените службеници во МВР кои фотографираат и ги изготвуваат документите сигурно не се запознале со голем дел од криминалците, меѓу кои Седат Пекер, Вукотиќ и останатите. Службениците ја вршеле својата работа како и со сите други имаат потреба да извадат одредена документација, додека пак акцијата ја координирале луѓе од власта.

Несериозно за една земја е криминалци како Седат Пекер по три месеци да престојуваат во Република Македонија, да се забавува и фотографира со коалиционите партнери на СДСМ, а во меѓувреме да не е приведен или уапсен за она што го правел тука во однос на неговиот пасош. Фактите говорат дека штом тој лесно се движел низ земјата и функционирал нормално, тогаш зад него стоеле високи функционери на власта кои директно му помагале и го штителе во тек на неговиот престој, вели Мицкоски.

Јован Вукотиќ неколку пати полетувал од аеродромот “Петровец”, бил уредно легитимиран и проверен, по што отпатувал од земјата. Тој самиот вели дека неговиот пасош не бил изваден по нелегален пат, туку дека сите податоци се точни, освен неговото име. После ваквите случаи, ниту МВР, ниту пак премиерот излезе со јавна осуда за овој чин, а дополнително на тоа не се повлечени и уништени тие пасоши, што дополнително ја разбиструва сликата за тоа кој е креаторот на целата оваа афера, истакна претседателот Мицкоски.

Фактот што Владата се уште молчи и не се произнесува со информации дали се поништени овие патни исправи и дали некој воопшто одговара за овој случај, говори за тоа дека овие матни зделки и афери се случуваат секојдневно и тие не знаат од каде да започнат. Додека тие молчат, овие луѓе се уште во своја сопственост имаат фалсификуван пасош, кој никој од властите не им го поништува. Тоа е сликата за власта во Република Македонија и за безбедносниот систем, кој е повеќе од разрушен, објасни Мицкоски.

Најнови вести

Коронавирус