недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 62
home Вести

Вишото обвинителство ќе го испитува градењето водовод во тетовско и постапувањето на тетовската обвинителка

Вишото обвинителство ќе го испитува градењето водовод во тетовско и постапувањето на тетовската обвинителка

Неколку дена по ред општина Боговиње се обидува да продолжи со изградбата на водовод за селото Синичане од изворот во месноста Буновец. Мештаните од селото Урвич не дозволуваат да се користи тој извор затоа што е во нивни атар, а посочуваат дека општината има само одлука на Совет без соодветни дозволи од надлежните министерства.

Полициски специјалци се на терен и не им дозволуваат на мештаните од двете села да сигнат до месноста Буновец. МВР информираше дека присуството на полициски службеници на местото е во функција на обезбедување на јавниот ред и мир. Портпаролот Тони Ангеловски исто така соопшти дека врз основа на прибавени податоци и информации од терен, до Основното јавно обвинителство Тетово е поднесено известување за сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Случувањата во тетовско и постапувањето на обвинителката од Тетотво ќе ги испитува и Јавното обвинителство. „Поради различните информации во медиумите и на социјалните мрежи за учеството на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово Лејла Кадриу на место на кое се изведувале работи на водовод во тетовско и повеќе нејаснотии во нејзиното постапување Јавниот денеска писмено побара од Вишото јавно обвинителство Гостивар да изврши увид во предметот.

Коронавирус