петок, 20. септември 2019. Вести денес: 118
home Вести

Вишокот на храна ќе се распределува со закон

Вишокот на храна ќе се распределува со закон

Владата на Република  Македонија на денешната седница ја усвои информацијата за изготвување закон за донирање на вишокот на храна.

Според информацијата, како што соопшти владината прес-служба, министерствата за труд и социјална политика и за локална самоуправа се задолжени, а на ЗЕЛС му се укажува, во рок од 15 дена да изградат заеднички став во однос на дефинирање  корисници на храната што ќе биде донирана, односно определување  критериуми кои треба да ги исполнуваат корисниците на храна која ќе биде донирана, како и да изградат заеднички став во однос на мониторинг на распределбата на вишокот на храна до крајните корисници.

Агенцијата за храна и ветеринарство има рок до 5 август до Владата да го достави Нацрт-законот за донирање на вишокот на храна.