петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 229
home Вести

Вирусот се шири помеѓу невакцинираните, тврди Филипче

Вирусот се шири помеѓу невакцинираните, тврди Филипче

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција говореше за состојбата со корона вирусот во Македонија.

Како што истакна тој, од наредниот месец ќе биде потребна потврда за целосно вакцинирани граѓани, нешто што важеше само за граѓани кои примиле една доза на вакцина.

-Тешко е да се каже дали ќе има пад на новодигајностицирани случаи или бројката ќе расте допрва. Затоа се прави анализа со нашиот стручен тим. Што се однесува до вакцинацијата, таа добро се спроведува. Има намалување на интересот за вакцинација во изминатиот период. Корона вирусот се шири помеѓу невакцинираните. Над 90 отсто од сите починати се невакцинирани, истакна Филипче.

Коронавирус