недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 81
home Вести

Викендов во Скопје: 30 сообраќајки, 31 повреден, голем број пијани возачи

Викендов во Скопје: 30 сообраќајки, 31 повреден, голем број пијани возачи

Во текот на изминатите денови (13, 14 и 15.07.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 30 сообраќајни.

При сообраќајните незгоди три лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 28 со лесни телесни повреди. Санкционирани се 206 возачи бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај се исклучени 91 возачи и тоа: 38 – заради возење под дејство на алкохол, 41 заради немање право за управување на моторно возило (немање возачка дозвола) и 12 – бидејќи биле возачи почетници.

Исто така санкционирани се седум возачи кои поминале на црвено светло, петтмина недале првенство на минување на пешаци, двајца затоа што неправилно се престориле, еден возач неправилно престигнувал, двајца заради недавање првенство на минување на возила и 26 возачи бидејќи некористеле заштитен шлем.

Покрај ова од сообраќај се исклучени 37 возила бидејќи 34 од нив биле нерегистрирани, две биле технички неисправни и едно поради претовареност. Во однос на пешаците санкционирани се шест пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и двајца пешаци кои поминале на црвено светло.

Во текот на изминатите денови издадени се 150 мандатни платни налози,  додека 128 возила се подигнати со “Пајак”.

Коронавирус