сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 20
home Вести

Викендов сончево и топло, од понеделник нова промена

Викендов сончево и топло, од понеделник нова промена

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната од 29 до 36 степени. УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, утре (недела) ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Во понеделник во попладневните часови и во вторник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и појава на грмежи.

Коронавирус