петок, 16. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Викендов невообичаена временска прогноза- особено искористете ги деновите пред нас, еве што не очекува!

Викендов невообичаена временска прогноза- особено искористете ги деновите пред нас, еве што не очекува!

Топлото време со температури до 20-тиот степен ќе се задржи и за време на викендот, но веќе од понеделник под влијание на нов влажен бран повторно ќе има врнежи од дожд.

Утре и задутре во утринските часови ќе има магла и ниска облачност по одделни котлини. Во недела ќе има зголемување на облачноста и ќе почне да дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Во понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни проследени со засилен јужен ветер и грмежи. Врнежи од дожд ќе има и во вторник попладне.

Дневните температури до среда ќе бидат над просекот за овој период од годината, велат синоптичарите.

Коронавирус