сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 80
home Вести

Викендов Македонија ќе одлучува дали да ги укине ПЦР-тестовите за Балканот

Викендов Македонија ќе одлучува дали да ги укине ПЦР-тестовите за Балканот

Комисијата за заразни болести во текот на викендот се очекува да расправа за укинување на ПЦР-тестовите за граѓаните од земјите во регионот, потврдува министерот за здравство, Венко Филипче. Според него, од следната недела на граѓаните на Косово, Босна, Црна Гора и Србија нема да им треба негативен тест за да влезат на територијата на Македонија. Филипче истакна дека генерално ситуацијата со коронавирусот кај нас е стабилна, а во земјите од регионот пандемијата била под контрола.

Во моментов, Владата има услови за граѓаните на Косово и Србија за движење во Македонија, додека од земјите од регионот, Бугарија и Грција имаат строги мерки за нашите граѓани кои условуваат влез со 14-дневен карантин. Мерки нема поставено само Албанија.

Коронавирус