петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 137
home Вести

Викендов и угостителите ќе се вакцинираат во Србија

Викендов и угостителите ќе се вакцинираат во Србија

По новинарите и стопанствениците, сега и уостителите ќе можат да се вакцинираат против КОВИД-19 во Србија. Како што соопшти утринава Независната угостителска комора, во соработка со Стопанската комора на Србија сите заинтересирани македонски угостители и угостителски работници, вклучувајќи ги и музичарите, без разлика дали се членки или не се членки на некоја комора или здружение, обезбеди бесплатна вакцинација во Ниш, соседна Србија во сабота и недела од 08:00 до 20:00 часот.

Вакцинацијата ќе се спроведе во Спортскиот центар „Чаир” во Ниш.

Од НУК велат дека се обиделе да изнајдат решенија со кои ќе може да помогне да се спаси туристичката сезона оваа година, како и да се одржи угостителската индустрија. Така, како што се вели во соопштението, тие на 16 март со дописи се обратиле до Рускиот инвестициски фонд (THE RUSSIAN DIRECT INVESTMENT FUND – RDIF) и Амбасадата на Руската федерација во Скопје, како и до Синофарм (SINOFARM CHINA) и Амбасадата на Народна Република Кина во Скопје со барање за набавка на 10.000 вакцини за потребите на целокупната македонска угостителска индустрија.

-Со оглед дека немавме никаков одговор, по објавата на Стопанската комора на Србија за можноста за вакцинација на разни бизнис индустрии од регионот НУК веднаш со е-пошта се обрати со барање за начините и можностите на обезбедување на вакцини за угостителите и угостителските работници, велат од НУК.

По дводневна комуникација со Стопанската комора на Србија и укажувањето и инсистирањето на потребата за вакцинација на македонските угостители и угостителски работници во пресрет на туристичката сезона, синоќа, петок 26 март во 21:38 часот од Стопанската комора на Србија – Коморскиот инвестициски форум на земјите од Западен Балкан пристигна допис – е-пошта со која е одобрено безусловно и бесплатно вакцинирање на сите заинтересирани македонски угостители и нивните угостителски работници, се вели во соопштението.

Сите заинтересирани останати угостители со своите вработени можат да аплицираат за вакцинирање на следниот линк; АПЛИКАЦИЈА ЗА ВАКЦИНАЦИЈА НА УГОСТИТЕЛИ И УГОСТИТЕЛСКИ РАБОТНИЦИ – НИШ, СРБИЈА (27ми – 28ми Март 2021 год.) – https://forms.gle/a9i37FzYBXBiXt2n8 , посочуваат од Независната угостителска комора.

Локални избори 2021