понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Викендов ако патувате ова мора да го знаете за патниот правец Кичево-Охрид

Викендов ако патувате ова мора да го знаете за патниот правец Кичево-Охрид

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ потсетуваат дека од денеска на магистралниот пат А2 Кичево – Охрид, на потег од Пресека до село Песочан, поради асфалтирање, на места сообраќајот ќе се одвива со девиjации, односно преминување од една во друга коловозна лента. Ќе биде поставена соодветна соообраќајна сигнализација. Работите ќе се изведуваат во наредните десет дена.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.