сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 66
home Вести

Викендот во Скопје: 34 сообраќајки, 45 лица повредени, пајакот „грабнал“ 92 возила

Викендот во Скопје: 34 сообраќајки, 45 лица повредени, пајакот „грабнал“ 92 возила

Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје се случиле вкупно 34 сообраќајни незгоди.

Од нив, во две сообраќајки со потешки повреди се здобиле возач на мотоцикл и возач на патничко моторно возило, а со телесни повреди се здобиле шест лица. Во 22 сообраќајки полесно биле повредени 37 лица, а во 10 била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто и девет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство наминување на пешаците на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, како и 13 возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл за не користење на заштитен шлем.

Санкционирани биле и шест пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Од сообраќај, биле исклучени вкупно 75 возачи и 34 возила. Од нив, 38 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 33 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и четворица возачи почетници, како и 34 нерегистрирани возила. Затекнати биле 124 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 92 возила.

По повод „Европската недела на мобилност“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници од областа на сообраќајот во ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ на подрачјето на општина Кисела Вода.

Коронавирус