недела, 5. декември 2021. Вести денес: 93
home Вести

Викенд временска прогноза – ова мора да го прочитате доколку имате планови особено за утре и задутре

Викенд временска прогноза – ова мора да го прочитате доколку имате планови особено за утре и задутре

Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло, по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност. Преку денот ќе има зголемена облачност, а попладне и во текот на ноќта во северните делови ќе има локален дожд. Попладне вдолж Повардарието ќе почне да дува засилен ветер од северен правец.

Во недела времето ќе биде променливо облачно и посвежо. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец.

Во понеделник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во вторник времето ќе биде наутро студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Коронавирус