петок, 29. септември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Викенд временска прогноза- особено подгответе се за во сабота

Викенд временска прогноза- особено подгответе се за во сабота

Времето денеска во Македонија беше сончево со мала до умерена облачност.

Утринската температура се движеше од девет до 15, а дневната од 20 до 27 степени.

УВ-индексот изнесуваше 7.

Во Скопје времето беше сончево со умерена облачност. Утринската температура се спушти до 15, а дневната се искачи до 26 степени.

Од утре до петок времето ќе биде стабилно, освен во југоисточните делови каде е можна појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

Повторно зголемување на условите за нестабилност се очекува во деновите од викендот, особено во сабота.

Додека во недела времето се очекува да биде постабилно и сончево.

Најнови вести