петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Викенд временска прогноза: Особено подгответе се за во недела и деновите кои следуваат потоа, еве кога доаѓа снегот!

Викенд временска прогноза: Особено подгответе се за во недела и деновите кои следуваат потоа, еве кога доаѓа снегот!

Времето утре во Македонија ќе биде во западните делови претежно облачно, а во источните сончево со умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.

Во недела времето ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со утринска магла. Попладне и во текот на ноќта кон понеделник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Додека пат во вторник времето ќе биде променливо облачно со услови за утринска магла по одделни котлини.