сабота, 10. декември 2022. Вести денес: 19
Во живо

Заедно градиме модерни општини, предложи идеја и биди дел од промените што носат иднина

АКТУЕЛНО

Дејан Георгиевски испиша нова спортска историја

home Вести

Викенд временска прогноза: Денес топло време, во сабота и недела дожд

Во Скопје ќе биде облачно и релативно топло со умерен јужен ветер. 
Викенд временска прогноза: Денес топло време, во сабота и недела дожд

Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно и релативно топло со умерен јужен ветер. Во западните и крајните источни делови ќе има повремен локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од три до седум степени, а дневната температура од седум до 21 степен.

Во Скопје ќе биде облачно и релативно топло со умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната темепратура до 18 степени.

Во сабота во текот на денот ќе дува засилен повремено силен јужен ветер што ќе предизвика значително повисоки дневни температури. Од сабота попладне и во недела ќе има врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни. Врнежи со променлив интензитет ќе има и во наредните денови, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Температурите ќе бидат во опаѓање  

Најнови вести

Qatar 2022