вторник, 23. април 2019. Вести денес: 87
home Вести

Викенд временска прогноза

Викенд временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 15, а дневната од 18 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската темптература ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и суво време со температури околу просекот за овој период од годината. Во недела и понеделник можна е појава на краткотраен дожд, особено во западните и југозападните делови од земјава.