сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Викенд временска прогноза

Викенд временска прогноза

Времето во Македонија денеска ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната температура од 19 до 25 степени.

Попладне облачноста ќе се зголеми, особено во јужните делови каде ќе има услови за локален краткотраен дожд и ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала, а попладне со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од еден степен во утринските часови до максимални 23 степени.

Од сабота следува период на променливо облачно време со услови за локален дожд. Утринските температури поради наоблачувањето ќе се зголемат, додека дневните ќе бидат без поголеми промени.

Коронавирус