среда, 15. јули 2020. Вести денес: 45
home Вести

ВИКЕНД КАРАНТИН БЕЗ ВОДА- жителите на Нерези останаа жедни

ВИКЕНД КАРАНТИН БЕЗ ВОДА- жителите на Нерези останаа жедни

Во сред пандемија, жителите на средно Нерези трпат за вода. Во 80 часовен карантин, оставени се без најнеопходниот услов за живот. Вода нема ниту за пиење, ниту за капење. Помош барале повеќе пати до сега, но без успех, објавува Сител.

Граѓаните велат пумпите за вода се направени од самопридонес во минатиот век, а оттогаш ниту една локална власт не го решила проблемот. Вообичаено вода доаѓа само по полноќ кога спијат. Слаб притисок и нередовен тек, вакво е секојдневието на овие жители во последните 30 години.

Како што ги дочекавме, така и не испратија, револтирани и исплашени за своето здравје. Помош бараат јавно, бидејќи на ниту еден друг институционален начин не успеале да го решат проблемот со водата.

Од водовод велат се работело за поспецифичен дефект на кој работеле во текот на ноќта и кој денеска е решен. Постапиле по пријава на граѓани, но од населбите Трнодол и Жданец. За проблемот на кој укажаа жителите на ул. Козле 3, од водовод велат нема пријава. На фб страната во меѓувреме известиле, дека цистерна со вода ќе врши достава во населбите.