среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 22
home Вести

ВИДЕО: Започна уривањето на дивоградбите во Охрид

ВИДЕО: Започна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид почна со отстранување на нелегално изградени објекти, пишува Канал 5.

На улицата „Марко Несторовски“ во Охрид се урива првата дивоградба за која општината претходно издаде решение. Станува збор за куќа која се гради и покрај тоа што нема решение за градба. Пред десетина дена на истата локација беа уапсени неколку градежни работници кои мешаа малтер, бидејќи граделе и покрај забраната.

Куќата е обиколена со полиција, а нема трага од сопственикот.

Коронавирус