четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 150
home Вести

ВИДЕО: Заев призна дека судството под негова власт не работи непристрасно, како што тоа треба да го прави согласно Устав и закон

ВИДЕО: Заев призна дека судството под негова власт не работи непристрасно, како што тоа треба да го прави согласно Устав и закон

Премиерот Зоран Заев од вчерашниот собир во Пробиштип за промоција на договорот за промена на името промовирајќи ги придобивките од ЕУ и НАТО кажа дека откако ќе  сме влезеле во ЕУ судиите ќе одлучувале по Устав и закон, со тоа директно кажувајќи дека тие сега не одлучуваат законски и дека како што вели тој „фаќаат кривини“.

– Судијата кога ќе одлучува ќе знае дека секој ќе му ја гледа пресудата, секој ќе чита во рочиштата, секој ќе знае кои биле доказите, па нема да може да фаќа кривини, има да носи одлуки по Устав, по закон и по сопствено убедување и ќе го правда до крај и судијата и обвинителот, кажа Заев.

Со оваа своја изјава Заев отвори бројни дилеми, прво дали сега како што кажа судиите фаќаат кривини, доколку фаќаат кривини, дали тој како извршна власт не е директно виновен за тоа, поради целиот притисок врз судството кој го прави и политички нарачаните пресуди.

Дополнително се поставува прашањето, ако главното ветување за влез во ЕУ е то дека судиите ќе одлучуваат по Устав и закон, што им е и обврска, тогаш како одлучуваат сега?

Трето и многу важно, доколку кога ќе влеземе во ЕУ судиите и обвинителите ќе работеле по сопствено убедување, како работат сега?

Заев со оваа своја изјава поттикна бројни дилеми и ги нотираше проблемите кои директно тој ги причини. Тој  призна и дека судството под негова власт, не работи непристрасно, како што тоа треба да  го прави согласно Устав и закон.

Коронавирус