петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 160
home Вести

(ВИДЕО) Заев од Струмица со покерски речник: Немам резервен план, играв со мојот народ на се или ништо

(ВИДЕО) Заев од Струмица со покерски речник: Немам резервен план, играв со мојот народ на се или ништо

Премиерот Зоран Заев вчера на митинг од Струмица  свесно или не целосно го опиша начинот на кој работи неговата дипломатија – хазардерски и без компас. Заев пред струмичани рече дека нема друг план за државата, тој во покерски речник кажа дека се коцкал со државата и народот и дека повеќе не му останале ниту „кецеви“, ниту „џокери“.

– Немојте да мислите дека некој друг ќе ни ја заврши работата, дека има некој резервен план, нема. Ова е храбра битка, играв со сите кецеви и џокери во ракав, играв со мојот народ, играв „all in“, играв на се или ништо, кажа Заев.

За разлика  од Заев друг човек кога се коцка или кога влегува во кладилница игра со свои пари и имот, но Заев игра со државата и со народот, што е скандалозно само по себе.

Најнови вести

Коронавирус