понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 170
home Вести

ВИДЕО: Заев и Сугарески со 5 работници го градат автопатот Кичево- Охрид

ВИДЕО: Заев и Сугарески со 5 работници го градат автопатот Кичево- Охрид

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид е во застој. Иако владата на СДСМ го затекна на изграденост од 50 отсто, тој безмалку една година е во застој.

Според видеото кое што е објавено на социјалните мрежи и кое во континуитет е снимано од излезот во Охрид во времетраење од 26 минути, што значи безмалку по целата делница, речиси и да нема работни активности на овој инфраструктурен проект.

По целиот пат се гледа дека нема никакви градежни активности , освен само во една мала делница каде што има 5 работници.

Ако се продолжи со ова темпо и овој интензитет веројатно со толку ангажирани работници уште 30 години овој автопат нема да може да се заврши.

Експертите, а и граѓаните коментираат дека автопатот Охрид- Кичево може да стане новата пруга кон Бугарија. Тампонираните делници доколку не се завршат, би можеле под влијание на надворешните услови да се уништат и одново потоа да треба да се градат.

Локални избори 2021