понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Заев го прогласи народот за непријател- продолжуваат навредите од СДСМ кон граѓаните

ВИДЕО: Заев го прогласи народот за непријател- продолжуваат навредите од СДСМ кон граѓаните

Продолжуваат навредите на СДСМ и нивните челници кон граѓаните, во веќе познат стил за СДСМ. Зоран Заев вчера од Демир Хисар го прогласи македонскиот народ за негов непријател.

-Секој што бојкотира за мене е противник на државата, изјави Заев на граѓански собир кој според него требало да ги промовира европските вредности.

Ова е само една во низата навреди кон народот. Претходно, и Стево Пендаровски, поранешен кандидат за претседател на Република Македонија од редовите на СДСМ, а сегашен координатор за НАТО интеграција ги навреди граѓаните.

-Вие имате една предност пред нив, вас не ве качуваат во комбиња како стока, туку гласате како граѓани со име и со презиме, рече Пендаровски за време на една посета на Лисиче.

Пендаровски во еден од своите настапи на протестите на СДСМ пред Влада во 2015 исто така го навреди народот, тој тогаш кажа:

– Сакам само да направам споредба, меѓу нашиот собир вчера и денес и утре и задутре и ова што е така наречен собир во кафезот на километар ипол од тука. Немој да се чудите зошто таму луѓето се собрани во бачило  затоа што организаторот е пастир.

Со навреди кон сопствениот народ излегуваше и Мирјана Најчевска, позната активистка на шарената револуција за народот пред неколку години напиша дека најдепримирачки е тоа што во нејзината држава постојат 400.000 луѓе (а со тоа и огромното мнозинство на граѓани) за кои Ѓорге Иванов е добар претседател. Тоа според Најчевска значи дека овие луѓе не можеле да видат дека Македонија одела назад и не ги разбирале гафовите кои Иванов ги правел.

-Еве, повторно ќе кажам јасно и гласно: Македонскиот народ е составен од глуперди и цепаници неделкани. Значи, глуперди низаедни, цепаници неделкани, разбудете се пред да биде ептен доцна, напиша Најчевска на својот Фејсбук профил и додава дека ова тврдење било подобро отколку тврдењето на политичарите дека народот е мудар и паметен.

Народот го казни Пендаровски за сите навреди кои беа изречени кон него, тој изгуби од Иванов, и секој еден македонски политичар кој го навредувал народот низ годините ја добивал заслужената казна од народот на избори, тој секогаш таквите ликови ги испраќа во политичка пензија.

Коронавирус