среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

(ВИДЕО) Заев: Да, џамијата во Охрид е дивоградба, но ќе ја пуштиме во употреба зашто доаѓаат избори

(ВИДЕО) Заев: Да, џамијата во Охрид е дивоградба, но ќе ја пуштиме во употреба зашто доаѓаат избори

Премиерот Зоран Заев е свесен и признава дека новоизградената џамија во Охрид е дивоградба, но поради приближувањето на изборите тој учествуваше во нејзиното свечено пуштање во употреба.

– Да, знаеме дека нема одобрение, но свечено ќе биде пуштена во употреба оти доаѓаат избори и тоа е сензитивен период – вели Заев.
Премиерот додава дека по свеченото пуштање на дивоградбата, за проблемот ќе разговараат по 5 мај идната година, по изборите.

Џамијата во Охрид се наоѓа во централното градско подрачје и нема дозвола за градба, а плус тоа е споменик на културата.