понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Власта ги присилува граѓаните да му поставуваат прашања на Заев

ВИДЕО: Власта ги присилува граѓаните да му поставуваат прашања на Заев

На трибината на власта во кампањата „За“ промена на уставното име на референдумот, која се одржа синоќа во Струга, беше забележан притисок врз граѓанин да му постави прашање на премиерот Зоран Заев, пишува порталот Лидер.

На видеото од трибината се забележува како еден од организаторите му се приближува на присутен граѓанин и му вели да постави прашање. По гестикулациите на лицето, се гледа дека граѓанинот одбива да постави прашање, по што организаторот му се приближува и заканувачки на уво му го кажува прашањето. Кратко потоа може да се види, дека истиот граѓанин поставува прашање.

Видеото може да го погледнете во прилог:

Коронавирус