петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 196
home Вести

ВИДЕО: Уапсен организаторот на вчерашниот протест во Тетово, му се заканува од 1 до 3 години казна затвор

ВИДЕО: Уапсен организаторот на вчерашниот протест во Тетово, му се заканува од 1 до 3 години казна затвор

Според снимката, се гледа како во полициско возило го носат Ахмеди во полициска станица.

За ТВ21 зборува и адвокатот, кој вели дека неговиот клиент се сомничи за кривично дело за кое е придвидена казна затвор од една до три години.

Инаку, граѓаните кои вчера попладнево мирно протестираа во Тетово, како поддршка за починатите кои загинаа при пожарот во модуларната болница во Тетово, влегоа во конфликт со полицијата. Тие се упатиле кон седиштето на ДУИ во Мала Речица, но таму им е забранет пристапот.

Групата граѓани почнала да фрла со јајца и со камења кон општинската зграда и притоа дојде до судир и со припадниците на МВР.

Во пожарот кој се случи вечерта на 8. септември во модуларната болница во Тетово загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти со Ковид 19 кои биле на лекување.

Коронавирус