петок, 24. мај 2019. Вести денес: 0
home Вести

(ВИДЕО) Сведоштво на нападнатата наставничка во Зелениково: Бев физички повредена и понижена од градоначалникот

(ВИДЕО) Сведоштво на нападнатата наставничка во Зелениково: Бев физички повредена и понижена од градоначалникот

Физички повредена и понижена. Вака наставничката од основното училиште „Марко Цепенков” во Зелениково го опишува нејзиниот обид за средба со градоначалникот на општината пред камерата на телевизија Сител.

Додава дека сакала со него да ги разреши проблемите со кои се соочува во нејзиното, сега веќе, поранешно училиште, бидејќи под казна е преместена во основното училиште во село Орешани.

Настанот е регистриран и во полицискиот билтен.

Вчера околу 12,00 часот С.К. пријавила дека во Општина Зелениково барајќи прием кај Градоначалникот истиот вербално ја нападнал и насилно ја истуркал со вратата. Пријавителката, во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ побарала медицинска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во билтенот на МВР.