четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Страшна сообраќајка вечерва на Партизанска

ВИДЕО: Страшна сообраќајка вечерва на Партизанска

Вечерва на крстосницата на булеварот Партизански одреди и улицата 8- септември се случи тешка сообраќајна несреќа, во која неофицијално има повредени.

До сообраќајната несреќа дошло кога автомобил се удри во возило на Итната медицинска помош , кое се движело по Партизанска , најверојатно кон Козле.

Во возилото удрил автомобил со голема брзина, што се движел по Партизанска во правец кон Центар. Веднаш пристигнаа уште две амбулантни возила за да ги пренесат повредените, објави Канал 5.

Од возилото на Итната медицинска помош излегоа здравствени работници во скафандери. Засега не познато колку лица се повредени.

Крстосницата кај Макпетрол на Партизанска е место каде што често се случуваат тешки сообраќајни несреќи.

Според очевидците во истата учествувал и еден пешак. Повеќе информации во текот на утрешниот ден.

Коронавирус